(Видео) Новиот министер Алиу со 300 места во „Лимак“ за паркирање на вработени ќе го решава сообраќајниот хаос на клиниките

Над 2.500 вработени во Комплексот клиники Мајка Тереза, ќе можат да користат 300 паркинг места во комплексот „Лимак“. Ова е решение за привремено да се растерети паркинг просторот на Клиниката. Според Азир Алиу, министер за здравство, за ова Минситерството за здравство ќе плати нула денари односно паркинг просторот ќе си го плаќаат вработените кон ЈП Паркинзи-Скопје, а тие ќе си имаат договор со „Лимак“.

„Дел од инфраструктурата на Лимак ќе биде на располагање на Министерството за здравство. Ќе има табли каде можат да паркираат вработените“, рече Алиу.

Тој најави и интерактивни табли за пациентите полесно да се снајдат на Клинички центар. Прашан колку ќе чини софтверското решение и интерактивните табли, рече дека ќе пробаат програмирањето да биде бесплатно, а за интерактивните табли уште не знае колку треба да се плати.

„Во моментов имам 700 мапирани места, а се паркираат 2.000 до 3.000 паркинг возила. Се паркираат на зеленило, на пат. Ќе имаме интерактивни табли за полесно да се снаоѓаат граѓаните и возачите, за полесно да стигнат до некоја клиника. Ќе имаме апликација која ќе се симне и ќе ве насокчи кон потребната точка“, додаде тој.

Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу. Проследете ја:

 

 

Back to top button
Close