Израел соопшти дека се „воздржува“ од понатамошни напади врз Иран по телефонскиот разговор меѓу Нетанјаху и Трамп
Израел „се воздржува“ од понатамошни напади врз Иран откако денеска оствариле телефонски разговор американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти Кабинетот на Нетанјаху.
Трамп ги обвини и Иран и Израел за кршење на примирјето што го објави, но неколку часа подоцна објави дека тоа сега е во сила.
„По разговорот на претседателот Трамп со премиерот Нетанјаху, Израел се воздржува од понатамошни напади“, се вели во соопштението.