Укинати сите ограничувања за цивилите во Израел, аеродромите повторно функционираат

Израелската агенција за цивилна заштита денеска соопшти дека ги укинала сите рестрикции низ целата земја и дека и овозможува на јавноста да се врати на вообичаените активности.

Цивилите ќе можат да учествуваат на собири и служби, да работат на отворено и да одржуваат образовни активности без никакви ограничувања од сега до најмалку четврток навечер, се вели во соопштението на Агенцијата, пренесува Cи-Ен-Ен.

Се наведува дека собири до 2.000 луѓе се дозволени во населбите во близина на Појасот Газа.

Израелските аеродроми, вклучувајќи ги Бен Гурион и Хаифа, продолжуваат со работа.

Back to top button
Close