Владата не се откажува од Вардарска долина, а знае дека не може да гради хидроцентрали каде што ќе минува брза пруга

„Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија“, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10.

Ова доаѓа по реакцијата на експерската јавност дека Вардарска долина е најпогодна за изградба на каква било пруга, но во исто време, изградбата на брзата пруга го исклучува проектот за хидроцентрали по течението на Вардар. Двата проекти не можат да егзистираат истовремено.

Проектот Вардарска Долина се состои од 12 хидроцентрали по текот на реката Вардар од Скопје до Гевгелија. Од нив две (ХЕ Велес и ХЕ Градец) се акумулациони, а останатите 10 се проточни. Според податоците од ЕСМ, вкупната инсталирана моќност на централите изнесува 324,5 MW, а годишното производство на електрична енергија би требало да изнесува 1309 GWh, што претставува околу 20% од годишниот бруто конзум на електрична енергија во Македонија.

„Според физибилити студијата на ЕСМ цената на проектот би изнесувала 1130 милиони евра, односно околу 3,5 милиони евра за 1 MW инсталирана моќност. Тоа е прилично висока цена, но висока е поради многубројните странични брани (заштитни бедеми) за заштита на плодното земјиште од потопување. Земајќи ја предвид инфлацијата, како и евентуално посилни агрегати, цената ќе ја претпоставима на ниво од 1300 милиони евра.

Доаѓаме до проблемот со железничката пруга, главниот камен на сопнување што досега ја попречувал изградбата, освен високата цена.

Според физибилити студијата за Вардарска Долина, ќе биде потребно изместување на трасата на 9 сегменти со вкупна должина од 78,6 km. Сметајќи со цена од околу 3-4 милиони евра за 1 km едноколосечна електрифицирана пруга, трошоците за изместување на пругата ги усвојуваме на ниво од 300 милиони евра, што се додаваат на капиталните издатоци за Вардарска Долина. Пругата би била стандардна, за брзини до 100-120 km/h, за да може максимално да ја следи топографијата на теренот, со минимум вијадукти и тунели. Како што ќе видиме подолу, хидроцентралите би ги покриле овие трошоци за околу 2,5 години само од продажбата на електричната енергија“, се вели во една од анализите на професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола кој редовно ја следи оваа проблематика.

Во однос на проектот Вардарска долина од Владата сметаат дека брзата пруга нема да биде никаква закана за објектите од А категорија како што се браните и хидроцентралите.

„При проектирањето ќе се води сметка истите да бидат избегнати, заштитени и нема да бидат загрозени“, одговориле оттаму за „Фокус

Back to top button
Close