Прегазен пешак во Гостивар
МВР информира дека вчера попладне околу 15.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул. „Панче Попоски“ во Гостивар, патничко возило „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(46) од Гостивар, удрило во пешакот А.В.И.(41) од с. Форино, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар