Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри: Александар е убеден дека ова е лицето кое ја убило неговата ќерка

Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри: Александар е убеден дека ова е лицето кое ја убило неговата ќерка

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочува дека Александар Ѓорчески е убеден дека Љупчо Палевски-Палчо го сторил убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ во „Претрес“ посочи дека токму затоа и му се обратил на Палчо, да му каже, зошто тоа го сторил.

„Он лично е убеден, од сето тоа што го слушна. И во своето обраќање во завршниот збор тој му се обрати на Палевски и го повика со зборовите ‘Палевски, стани, поклони се пред сите и кажи зошто ми ја уби Вањичка’. И тоа му посочи ‘не низ форма на реферети туку во две реченици’. Не можев да видам како изреагира Палевски“, рече Туфегџиќ во „Претрес“.

Според него, таткото на Вања издржал низ судењата дека со примање терапија.

„Ѓорчевски е под посебна терапија, така издржа. Во средина на судењата, третманот не даваше резултати за тој да биде сконцентриран, сменета му е терапијата. И точно дека има промена. Тој и самиот кажа: мижам зошто не можам да ги гледам, но секој збор внимателно го слушам. Тој беше изложен од понижувања и навреди од јавниот обвинител и сето тоа го издржа“, додаде тој.

Туфегџиќ рече „тој со бесот заврши, за него, животот после убиството на Вања… нема никаков бес, освен болката која ја носи со себе. Тоа живот по инерција. Тој живее за денот, да добие одговор на прашањето ‘зошто?’“.

фото news24

Back to top button
Close