Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп разгледува повеќекратни стимулации за враќање на Техеран на преговарачка маса

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува повеќекратни стимулации за враќање на Техеран на преговарачката маса, вклучително и помош на Иран да пристапи до 30 милијарди долари (25,6 милијарди евра) за изградба на нуклеарна програма за цивилно производство на енергија, како и ублажување на санкциите и ослободување на милијарди долари од ограничени ирански средства, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на четири извори запознаени со ситуацијата.

Изворите велат дека високи американски и блискоисточни претставници ги разговарале предлозите со Иранците „зад сцената“, дури и во услови на серија воени напади во Иран и Израел во последните две недели.

-Овие разговори продолжија оваа недела, откако беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, велат изворите.

Функционерите на администрацијата на Трамп нагласија дека се поднесени неколку предлози и дека тие се прелиминарни, но дека нивната основа е нулта збогатување на ураниум од страна на Иран.

 

Најмалку еден прелиминарен нацрт на предлогот вклучува неколку стимулации за Иран, изјавија извори за Си-Ен-Ен, а некои детали беа договорени на таен, повеќечасовен состанок помеѓу специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и партнерите од Заливот во Белата куќа минатиот петок, денот пред американската војска да го нападне Иран.

 

Меѓу условите што се разгледуваат, а кои претходно не беа откриени, е инвестиција од околу 20 до 30 милијарди долари во нова иранска нуклеарна програма без збогатување ураниум, која би се користела за цивилни енергетски цели, изјавија претставници на администрацијата на Трамп и извори запознаени со предлогот.

 

САД се подготвени да ги водат овие разговори со Иран, изјави за Си-Ен-Ен претставник на администрацијата на Трамп.

 

Тој рече дека „некој ќе мора да плати за да изгради нуклеарна програма“, но дека САД „нема да ја преземе таа обврска“.

 

Други стимулации вклучуваат потенцијално укинување на некои санкции врз Иран и дозволување на Техеран да пристапи до шест милијарди долари што моментално се наоѓаат на странски банкарски сметки што му е забрането слободно да ги користи.

 

Друга идеја што се појави минатата недела и која моментално се разгледува е сојузниците од Персискиот Залив, поддржани од САД, да платат за замена на нуклеарниот објект Фордо, кој САД го погодија со бомби за уништување бункери во текот на викендот, програма без збогатување ураниум, велат два извори запознаени со ситуацијата.

 

-Има многу различни луѓе кои смислуваат идеи, а многу од нив се обидуваат да бидат креативни, рече еден од изворите запознаени со дискусиите.

Друг извор запознаен со првите пет рунди американско-ирански нуклеарни разговори, кои се одржаа пред воздушните напади врз иранските нуклеарни објекти, рече дека „мисли дека е сосема неизвесно“ што ќе се случи следно.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close