Од септември пензиите ке се покачат процентуално.Линеарното лани беше предизборно частење
Министерката за финансии појасни дека пензискиот фонд не ги остварил проектиранните цели, па државата одбвила дополнителни 1 милијарда денари.
Поради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одговарајќи на прашање да дополнителните милијарда денари планирани во ребалансот на буџетот.
– Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила, и така беше предвидено, старото законско решение, ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината -рече Димитриеска – Кочоска.