Запрен градскиот превоз во центарот на Белград
Градскиот превоз во централниот дел на Белград попладнево е запрен и на возилата им е наложено да се вратат во гаража.
Возилата на градскиот превоз во Белград повеќе не сообраќаат, а кога повторно ќе се вратат на улиците засега не се знае.
Во Србија денеска се слави Видовден, а во текот на денот се најавени неколку настани – протест на студентите во блокада во Белград, литературна вечер пред Народното собрание, доделување одликувања, и свечената седница на српската Влада во Крушевац