Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против изборот на Талат Џафери

Сите 44 пратеници на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе гласале против изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, јави Коха, пренесува Либертас. Ова за весникот го потврдил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Изборот на Џафери за собраниски спикер требаше да се одржи вчера но заради превирања во ДУИ и несогласување од двајца пратеници на партијата на Ахмети изборот беше одложен за денеска. Медиумите јавија дека има обезбедено 62 потписи од пратеници кои ќе гласаат ЗА избор на Џафери а меѓу нив и Арбен Зибери и Изет Меџити кои се бунтуваат бидејќи не се согласуваат со кадровската листа за министри од ДУИ.

Порталот Алмакос јави дека по синоќешните расправии во ДУИ, Меџити и Зибери се согласиле да гласаат денеска за избор на Џафери но условиле од министерската листа да биде симнат наводно Бујар Османи кој е предложен за министер за надворешни работи. Според Алмакос тие предложиле министер за надворешни работи да биде Артан Груби а местото вицепремиер за политички систем да го добие Изет Меџити.

Back to top button
Close