Снемало докази, па се повлекле – Обвинителството се правда зошто се откажале од гонење на Максим Димитриевски

Основното јавно обвинителство Куманово го повлече обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со образложение дека не постојат докази за постоење на кривично дело.

 

Во соопштението на обвинителството се наведува дека првичното обвинение се темелело врз вештачење кое укажувало на значителна имотна штета од над 3,3 милиони денари, поради непостапување по член 59 став 11 од Законот за градење. Штетата, според тогашниот обвинителен предлог, ѝ била нанесена на две правни лица.

Сепак, по спроведената постапка и сослушување на вештаците, било утврдено дека откако било издадено одобрение за градење, штетата наведена во обвинението реално не постои. „Неспорно е дека повеќе не се исполнети законските обележја на кривичното дело“, наведува обвинителството.

Понатаму, обвинителот испитувал и можност за постоење на друго кривично дело, но по двојна анализа на доказите – и на ниво на Основното обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – било утврдено дека нема доволно докази за покренување било каква кривична постапка по службена должност

Back to top button
Close