Тоа што луѓето поретко и подоцна стапуваат во брак не е прашање на вредности, туку е економско прашање

Само елитата ултра-привилегирани магнати за чии интереси работи и кои го држат на власт, само нив Мицкоски не се осмелува ни да помисли да ги „чепне“, не се осмелува на кој било начин да го регулира нивниот аздис, не се осмелува ни да спомне данок на богатство, а кој би значел намалување на класниот јаз.

Не. Мицкоски и ДПМНЕ по кој знае кој пат пак ќе удрат по сиромашните, непривилегираните, маргинализираните, а сето тоа под евтината маска за наводен традиционализам и демохристијанство.

Тоа што луѓето поретко и подоцна се осмелуваат да стапат во брак не е прашање на конзервативни вредности или недостаток на истите, туку е пред сѐ економско прашање.

Во растечка немаштија, сиромаштија, неправедна распределба на капиталот, со ниска минимална и просечна плата, тешко е за еден самец да преживее, а камоли да се охрабри и да основа семејство.

И самото наоѓање партнер/ка е екстремно тешко кога немаш денар во џебот да излезеш, да се социјализираш, кога немаш никакви изгледи да си го решиш станбеното прашање, кога одењето во супермаркет за да си купиш најосновни производи за живот е луксуз. Кога на грашок од конзерва Владата му дава статус на скап специјалитет.

За тоа дека не секој смее да стапи во брак, дури и ако си најде партнер/ка да не ни почнуваме.

За тоа дека стапката на семејно насилство е далеку поизразена во семејства со финансиски предизвици да не ни спомнуваме.

Мицкоски и ДПМНЕ во изминатава година дена направија сѐ за да ги осиромашат сите граѓани, а даночење на самците би било уште еден силен удар по грбот на сиромашните.

Стапувањето во брак, основањето семејство е во својата суштина економско прашање.

Ама, човек што цел живот го ранеле со златна лажичка и на рака носи саати од 50-60.000 евра, тоа не е способен ни да го исперцепира.

Шибај со демохристијанство, лажен морализам и создавај уште поголеми проблеми за обичните луѓе.

Кристина Костова

 

Back to top button
Close