Бројот на загинати во поплавите во Тексас достигна 70

Бројот на загинати во катастофалните поплави што го погодија Тексас достигна 70, а уште десетици лица се водат како исчезнати, соопштија властите на таа американска сојузна држава.

Потврдена е смртта на најмалку 59 лица во округот Кер и на осум други места во централен Тексас. Во округот Кер, 38 од загинатите се возрасни, а 21 се деца, вклучувајќи 16 девојчиња пронајдени во христијанскиот летен камп покрај реката Гвадалупе. Уште единаесет девојчиња се водат како исчезнати.

Разорните поплави во Тексас започнаа во петокот со силно невреме и пороен дожд. Ридскиот предел во централниот дел на Тексас е природно склон на поплави поради сувите предели, покриени со нечистотија каде што дождот не се впива во почвата туку тече по површината, создавајќи буици.

Изобилните дождови што течеа по ридовите и се влејаа во реката Гвадалупе, предизвикаа нејзино покачување од осум метри за само 45 минути.

Властите во Тексас се под удар на критики затоа што не ги предупредиле жителите и младинските летни кампови покрај реката да се евакуираат навреме.

Службениците на округот Кер се правдаат дека поднеле предлог за подобар систем за предупредување од поплави, сличен на системите за предупредување од торнадо, но имало забелешки граѓаните поради високата цена

Back to top button
Close