Пронајдено изгорено човечко тело во штали кај Железничка станица – Ѓорче Петров
МВР информира дека вчера попладне во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица – Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот