Тешка сообраќајка на бул. „8-ми Септември“, сообраќајот во Карпош во застој

Утрово се случи тешка сообраќајка несреќа на раскрсницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Партизански одреди“ во Карпош во непосредна близина на бензиската станица „Макпетрол“ и клиниката „Жан Митрев“, јавува Локално.

Сообраќајот помеѓу Карпош 2 и Карпош 3 е во застој.

Полицијата е на терен и го пренасочува сообраќајот по останатите улици.

Засега нема информации за повредени лица. Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот

Back to top button
Close