OJO: Сторителот од Батинци идентификуван, но се наоѓа во бегство
Дежурен јавен обвинител изврши увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случи трагичен инцидент. При увидот беа издадени наредби и насоки за прибирање докази.
Според информациите од Обвинителството, сторителот е идентификуван, но засега е во бегство, а полицијата го бара.
-За настанот во Батинци, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредби и насоки за прибирање докази. Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага, соопштија од ОЈО.
Се продолжува со истрагата за целосно расчистување на случајот