(ВИДЕО) Арсовска: Во присуство на полиција бев нападната со клоци, се закануваа по семејството, се закануваа со силување…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработени во Градот и советник од Советот на Град Скопје денеска беа физички нападнати при увид на дивоградба на Чаир.
Дивоградбата се наоѓа во близина на полициската станица Бит пазар, а на терен заедно со градоначалничката биле советник од Советот на Град Скопје, секретарот на Град Скопје, раководител на сектор и службени лица од секторот за урбанизам, како и инспектори од Град Скопје.
Во изјава за медиумите Арсовска кажа дека нападот се случил пред очите на полициски службеници, а на тоа претходеле и вербални закани по живот, закани за силување, семејствата и децата на екипата на Град Скопје.
-Наместо веднаш да ги приведат половина час го оставија да врти по телефони и да раскажува што ќе му правел на моето семејство и на мене- кажа Арсовска.