(ВИДЕО) Арсовска: Полицијата наместо да го приведе напаѓачот, го остави половина час да се јавува на свои луѓе во МВР

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработени во Градот и советник од Советот на Град Скопје денеска беа физички нападнати при увид на дивоградба на Чаир.

Во изјава за медиумите Арсовска кажа дека нападот се случил пред очите на полициски службеници, а на тоа претходеле и вербални закани по живот, закани за силување, семејствата и децата на екипата на Град Скопје.

-Наместо веднаш да ги приведат половина час го оставија да врти по телефони и да раскажува што ќе му правел на моето семејство и на мене- кажа Арсовска.

Дивоградбата се наоѓа во близина на полициската станица Бит пазар, а на терен заедно со градоначалничката биле советник од Советот на Град Скопје, секретарот на Град Скопје, раководител на сектор и службени лица од секторот за урбанизам, како и инспектори од Град Скопје.

Back to top button
Close