Во Кочани откажан музичкиот дел од програмата за одбележување на Петровден, празник на градот

Откажан е музичко-забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да започне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.

„Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката ‘Пулс’ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.

Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.

Извор: nezavisen.mk

Back to top button
Close