Жељазков: Мицкоски мора да најде начин да ѝ се извини на Бугарија за изјавата за „лавот и глушецот“

Бугарскиот премиер Росен Жељазков го повика својот македонски колега Христијан Мицкоски да најде начин и да ѝ се извини на Бугарија за изјавата со „лавот и глушецот“, која премиерот пред неколку дена ја даде како метафора за однесувањето на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев со него.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи и довербата, која е многу кревка во овие времиња“, изјави вчера премиерот на Бугарија, додавајќи дека наративот на Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат старогрчкиот пизател на басни Езоп.
Жељазков додаде дека Бугарија ќе продолжи непоколебливо да го поддржува европскиот пат на Северна Македонија врз основа на спроведувањето на обврските од 2022 година и договорот за добрососедство.
Претходно вчера, осуда за изјавата на Мицкоски стигна и од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Станува збор на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски од пред неколку дена во која тој, реагирајќи на епитетот „северномакедонски премиер“, кој му го даде шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, рече дека му дале задача да се задева исто како глушецот со лавот.
Извор: 360stepeni.mk