Мицкоски несака да коментира: Бара институциите да го расчистат инцидентот со Данела во Чаир
Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ја коментира скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот кој се случи вчера во Чаир.
„Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажаа, не би имал што да додадам“, рече Мицкоски.
Маж вчера ја нападна Арсовска, а потоа таа обвини дека полицијата ги штити криминалците. Таа со денови реагира поради дивоградбите во Чаир.