Жерновски: Претседателката на државата требаше прва да го осуди нападот врз Арсовска, ама послушноста и е поважна од моралот
Андреј Жерновски ја прозва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека таа требало прва да реагира на нападот на градоначалничката Данела Арсовска.
-Ако некој требаше прв да го осуди нападот врз градоначалничката на Скопје, тоа е претседателката на државата. Можеше и мораше да застане во нејзина одбрана, ако ништо друго, тогаш барем како жена која осудува насилство врз жени. Но, партиската послушност е очигледно поважна од моралот и етиката, на кои до вчера толку гласно се повикуваше професорката.
Срамота!, напиша Жерновски на фејсбук.
Извор: fokus.mk