Километарски колони за излез и влез во Охрид, градот е блокиран од возила на делегации за Охридско лето. Граѓаните револтирани од блокирани улици
Повеќе од 20 километри возила чекаат да влезат во Охрид денеска. Револтираните граѓани споделуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи, пишувајќи дека единствен одговор што добиле е дека се чека делегација.
Таму денеска се премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министрите за култура и туризам, Зоран Љутков, и за транспорт Александар Николоски, градоначлникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и пратеници во Собранието, кои ја промовираа реконстукцијата на Музејот на вода во Охрид, заедно со наколната населба во Заливот на коските кај Градиште на брегот на Охридското Езеро.
Во Охрид денеска на посета е и албанскиот претседател.
Вeчерва во македонскиот бисер пак почнува културната манифестација Охридско лето.
Извор: fokus.mk