Ќе се уриваат дивоградбите во Чаир но и во други општини ако се утврди дека се опасни по животот, ветува Тошковски. Дивоградбите кој ги откри Данела не се веќе „циркус“
Доколку се утврди дека се опасни за животот на граѓаните, тогаш ќе се постапува по закон и ќе се уриваат дивоградбите, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој беше прашан што ќе се прави со дивоградбите во Чаир, но и во другите општини во земјата, доколку се утврди дека се незаконски изградени.
„Секако дека ќе се постапи по закон. Доколку се утврди дека станува збор за дивоградба, доколку се утврди дека истата претставува опасност по животот на граѓаните секако дека треба да биде предмет на уривање“ рече министерот Тошковски.
Полициски службеници вчера влегле во општините Чаир, Сарај и Аеродром, а се очекува тоа да го сторат денеска и во општина Кисела Вода.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска започна со откривање на дивоградби во општина Чаир, каде минатата недела при увид на еден објект, беше физички нападната.