Tрагедија во близина на хотел Парк во Охрид – еден малолетни загина другиот тешко повреден

Малолетник смртно настрада во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача.

Според информациите од СВР – Охрид, незгодата се случила рано изутринава во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

 

Back to top button
Close