Едноипол годишно дете пронајдено во бесознание во базен во дворот
На 20 јули 2025 година, околу 20.30 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Општата болница „Борка Талески“ е донесено едноиполгодишно дете во безсознание.
Според пријавата, родителите С.И. и Б.Т. од село Заполжани, општина Долнени, го пронашле детето во базен во нивниот двор и веднаш го однеле во болница. По укажаната лекарска помош во Прилеп, детето е префрлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата работи на расчистување на случајот.