Срамот е ваш, на Македонскиот МОК и Министерството за спорт – Градот го исклучивте, ни покана за отварање не добивме

На дистанцирањето на министерот за спорт од организацијата и скандалите на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025, кој денеска завршува реагираше градоначалничката на Скопје. Таа тврди дека градот помогнал олимпијатата за млади да се одржи во Скопје но потоа председателот на Македонскиот МОК и министерот за спорт ја исклучиле од организацијата и цела година сами го организирале овој спортски настан од кој по скандалозната организација не посрамотија пред целиот свет.
По жестоките реакции и објавување на детали од скандалозната организација на овој престижен спортски настан,во обид да се амнестира себеси и министерството Борко Ристевски првиот човек на министеерството за спорт се дистанцира од организацијата со изговор дека тие само помагале не биле организатор ама дале околу 1 милион денари од буџетот.
Ситуацијата е таква каква што е. Ние во овој момент правиме сѐ што е во наша моќ да ги „подзакрпиме“ тие дупки што се настанати од организаторите.
Мора да бидеме свесни дека настан од ваков формат треба да донесе бенефит за македонскиот спорт, прво и основно со самиот факт што на оваа европска спортска манифестација Македонија како домаќин е застапена со рекордни 181 спортист во сите 15 спортови, вели министерот Ристевски..
Од 20 до 26 јуни во Скопје и во Куманово се одржува ЕМОФ 2025 на кој настапуваат над 4000 млади спортисти од 49 европски земји.