Арсовска до Ристовски: Сакавте со МОК да сте организациски одбор, нас не исклучивте целосно
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го потсети министерот за спорт – Борко Ристовски, на неговата изјава од 9ти Април според која “застанува зад младинската олимпијада”.
-⁉️Борко како министерство за спорт и Влада цела година ја организирате младинската олимпијада, милиони потрошивте, не дозволивте град Скопје никаде да биде вклучен и сега сакаш ние да сме виновни?
❌Аман ова веќе ни во штаб не ви поминува, а не пак меѓу граѓаните. Сакавте со МОК да сте организациски одбор, нас не исклучивте целосно, да се фалите сами со олимпијада во Скопје.
‼️Градот ни знае што сте организирале, ни каде пари сте трошеле, ни не поканивте да сме дел од процесите, ни на отварање не не поканивте. Дека сте вие организатори и домаќини, се гледа по тоа што пола партија и 10 министри ја отворивте олимпијадата – напиша таа.