Франција очекува арапските земји да го осудат Хамас на конференцијата во Њујорк
Француската Влада очекува арапските земји да го осудат палестинското исламистичко движење Хамас на дводневната конференција на високо ниво во Њујорк, посветена на израелско-палестинскиот конфликт, јави ДПА.
Министерот за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, во интервју за неделното издание на весникот „Трибјун“, изјави дека ваквото осудување би било прво од ваков тип и би довело до целосна меѓународна изолација на Хамас.
Конференцијата е во организација на Франција и Саудиска Арабија и ќе се фокусира на можностите за решение со две држави во израелско-палестинскиот конфликт.
Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година. По нападите врз Израел на 7 октомври 2023 година, кога беа убиени цивили, израелската армија започна воена операција за елиминација на исламистичкото движење.
Баро додаде дека на конференцијата европските земји ќе го потврдат својот став за признавање на палестинска држава.
– Половина од европските држави веќе ја признаа Палестина. Другите сериозно размислуваат за тоа, рече Баро