Муртезани потпишал договор со фирмата „Арбрија дизајн“, која ја обвинуваше за сомнителни тендери и врски со ДУИ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпишал договор за соработка со компанијата „Арбрија дизајн“ од Тетово, која во минатото беше цел на обвинувања токму од партијата на Муртезани, Алтернатива – за блиски врски со ДУИ и сомнително добиени зделки во државни институции.
Договорот е потпишан пред повеќе од три месеци, на 23 април, и е во вредност од 500.000 денари (околу 8.000 евра) со вклучен ДДВ. Се однесува на набавка на печатени и промотивни материјали за потребите на Министерството, како брошури, книги со лого, пенкала, УСБ-а, торби, знамиња и промотивни паноа.
Оваа компанија во минатото, кога добиваше милионски суми во зделки со и без тендери во владата на ДУИ и СДСМ, беше жестоко критикувана токму од Алтернатива и коалицијата „Вреди“, но и од самиот Муртезани, за доминација во тендерите на институциите и за клиентелизам.
Извор: Слободен печат