Во прашање доведен уште еден глас од ДУИ за новата влада

Меѓу 15 – те пратеника на ДУИ во парламентот е и Фљорин Бесими, кој е брат на кандидатот за министер за финансии Фатмир Бесими.

Антикорупционерите будно ќе го следи постапувањата на браќата Бесими, а првиот судир на интереси го препознаваат во самиот избор на Владата.

„Да видиме како ќе биде изборот на министерот за финансии. Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Првин тука го гледам судирот на интерес. И тој треба да се изземе од расправата за избор на Влада и од гласањето за членови на Влада каде што неговиот брат е кандидат“, вели вели за ТВ Алсат, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Back to top button
Close