Сите 71 присутни пратеници ја прифатија интерпелацијата за Коцевски

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Вкупно гласаа 71 пратеник, сите гласаа „за“, немаше против, ниту воздржани.

На Собранието му предлагам да го донесе следниот заклучок: Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител – рече потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, која ја водеше седницата.

Back to top button
Close