„Вистината е тоа што го кажува Владата“ Мицковски очекувано контра обвинителката Ристовска за изборот на судија во Стразбур

Два дена откако објави дека имала „укажувања да ја повлече кандидатурата“ за судија во Стразбур, обвинителката Ленче Ристоска сè уште не одговара на клучните прашања што произлегоа од нејзината изјава. Јавноста остана без одговор – кој ѝ укажал да се повлече и кој стои зад тие пораки. Молк има и за наводите дека таа во изминатите месеци лобирала преку странски амбасади, чекајќи одлука од Владата.

Нејзиното одбивање да одговори не е ново. И по текстот за нејзината кандидатура во мај годинава, Ристоска најави дека ќе даде појаснувања за неколку контроверзии поврзани со нејзиниот углед – но тие одговори никогаш не стигнаа.

Изјавата на Ристоска не сакаше да ја коментира премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека „тоа е нејзина вистина“, а „вистинската вистина“ е онаа што ја дала Владата.

„Јас нема да навлегувам во тоа што го кажуваат кандидатите, тоа е нивна вистина. Вистинската вистина е таа што ја кажа Владата. Се формира нова комисија составена од луѓе што раководат со судско-обвинителски институции. Тие нека одлучат на следниот конкурс кој е најдобар, за да нема изговори. Би се воздржал од каков било коментар за изјавите на кандидатите“, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање зошто Владата би имала поголема тежина од Комисијата која ја формираше Министерството за надворешни работи – во која членуваат професори, правници и други релевантни експерти – Мицкоски не даде директен одговор. Не објасни ни кои точно критериуми не ги исполниле тројцата избрани кандидати меѓу кои беше и Ристовска.

„Констатирано е дека не ги исполнуваат критериумите, има во соопштението на Владата. Обратете се таму, ќе ви објаснат“, кусо одговори премиерот.

Ристовска со коментар на социјалните мрежи кажа дека за игрите околу поништувањето на едниот список со три предлози меѓу кои и таа од страна на владата и составување на нова комисија која одново ќе распише конкурс и ќе избира за судија од Македонија во меѓународниот суд во Стразбур,таа ќе го извести судот за неправилностите кои ги прави владата за да избере наш преставик

Експерти и невладини организации ја критикуваат одлуката на владата да ја распушти комисијата која преходно ја составила и да состави нова со кадар исклучиво по нивни терк да ја почне процедурата за избор на судија за Стразбур а тројцата судии кои влегоа во најтесен избор по интервјуа согласно процедурата да ги пушти нив вода без да дава дополнително објаснување правдајќи се дека „воделе“ сметка за интегритетот на тројцата судии кои беа на листата што ја фрлија во корпа.

Back to top button
Close