Ѓаволот добива милионски тендери. Полицијата го „бара“ бизнисот си „врве“

Осомничен за злосторничко здружување и финансиски криминал, полицијата го бара со меѓународна потерница, тој слободно се шета низ Скопје, а неговата фирма си добива милионски тендери од државните институции, пренесе Телма.

Фирмата Тритерол петрол, во сопственост на неготинскиот бизнисмен Љупчо Пецов Ѓаволот, кој скоро две години е во бегство, редовно добива тендери за набавка на нафта и нафтени деривати. Податоците на Електронскиот систем за јавни набавки покажуваат дека за неполни две години, од 3 ноември 2023 година, кога полицијата распиша меѓународна потерница по него, неговата фирма добила 136 тендери во вкупна вредност од над 300 милиони денари, односно 5 милиони евра. Јавни претпријатија, училишта, градинки, општини се меѓу неговите клиенти.

Пецов е осомничен дека е еден од организаторите на злосторничкото здружение за даночно затајување во случајот Синџир. Беа обвинети 22 сопственици и директори на фирми затоа што со лажни фактури го оштетиле буџетот за 8 милиони евра. Против Пецов немаше обвинение зашто е недостапен. Десетина обвинети минатата година признаа вина и добија затворски или условни казни.

Повеќе

Back to top button
Close