(ВИДЕО) Пред полицијата во Кочани емотивна реакција на мајка на настрадано девојче во пожарот од Пулс.

Продолжуваат протестите во Кочани, денеска оддржан нов марш – родителите бараат поддршка.

Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од Кочани го најави одржувањето на 17-от „Марш на ангелите“, кој се одржа вечерва, со почеток во 18 часот и 5 минути.

Маршот почна од Градскиот парк во Кочани, а движењето продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општината, локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи, се до Основниот суд и Кочанското обвинителство, каде што заврши.

Организаторите посочуваат дека настанот претставува реакција на, како што велат, задоцнетата институционална реакција која доведе до оваа несогледлива трагедија.

За време на протестот во Кочани дошло до инцидент кога возило им го пресекло патот на демонстрантите, и покрај полициското присуство.

 

 

Како реакција на сето тоа, семејствата целосно ја блокираа крстосницата во близина на полициската станица во градот. Побараа од МВР да го идентификува и санкционира возачот кој го предизвика инцидентот.

Во текот на маршот мајка на настрадано девојче во пожарот од 16ти март имаше емотивна реакција пред полицијата во Кочани.

видео: Радио Кочани

Back to top button
Close