По оставката на Флорин Бесими, нов пратеник од ДУИ ќе биде Фазли Бедри

Собранието на следната седница ќе треба да ја констатира оставката на пратеникот од редовите на ДУИ, Флорин Бесими, кој се повлече од пратеничката функција за да избегне судир на интереси при гласањето на неговиот брат Фатмир Бесими за министер за финансии.

Пратеничкото место на Бесими ќе го заземе Фазли Бедри, кој е следен на листата за кандитати за пратеници на ДУИ во шестата изборна единица.

Државната изборна комисија во рок од три дена по оставката треба да го извести Бедри дека влегува во парламентот.

Back to top button
Close