Телма: Од Хаг не откриваат во која улога Ахмети ќе даде исказ
Специјалното косовско обвинителство и судот до конечното одобрување на обвинителниот акт во јавноста не споделуваат детали ниту пак се знае кој е обвинет, а кој сведок. Тоа правило важи и за Ахмети
Седиштето на Специјалното обвинителство и судот во Хаг
Портпаролот Бенет вели во Косово немаме седиште ниту претставништво, судот и обвинителството се наоѓаат во Хаг. Европски град е избран за седиште на специјалниот косовски суд за да се избегне притисок од јавноста, но и да се заштитат сведоците во случаите во кои како обвинети се појавуваат и високи политички претставници на Косово. Сепак, обвинителството може да земе секаде исказ, а во Косово по потреба користат определени објекти.
Ахмети пред изборите објави дека е поканет да сведочи затоа што бил дел од раководството на ОВК за време на војната со српските сили. Тој додаде дека ќе ги брани светлите цели на албанската ослободителна борба.