Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). За гаснење, напомена Ангелов, се користат сите можни ресурси.

Back to top button
Close