(Видео)Поранешната антикорупционерка Ивановска била пријавена за несовесно работење во времето кога била во ДКСК

Поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска, која сега е кандидатка за општина Центар од „Независни заедно“, била пријавена во Обвинителството за несовесно работење, односно за предмет што го отворила Комисијата, начинот на кој бил отворен предметот, но и споделувањето на информациите за него во јавноста.

Ивановска во скопското Обвинителство со својот адвокат Драган Малиновски, исто така поранешен антикорупционер, даде исказ пред обвинителката Адела Бојчевиќ за овој случај, а поканата за распит од полицијата ѝ беше доставена 11 часа откако ја објави нејзината кандидатура.

Таа не откри за кој предмет станува збор и кој бил пријавителот, но од она што можеше да се сфати од нејзината изјава за него биле спорни информациите кои се давале во јавноста, некои новинарски пишувања за тој предмет, за кои како што вели Ивановска, тие не ги контролираат.

Предметот всушност бил отворен по пријава на член на Комисијата и бил затворен без никакви наоди и сомнежи.

– Јас бев повикана да дојдам во Јавното обвинителство поради тоа што сум добила кривична пријава за несовесно работење по членот 353 В. Дојдов и објаснив на обвинителката всушност за што станува збор. Обвинета сум всушност дека наводно начинот на којшто ние сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста било спорно за пријавителот. Јас денеска на средба со обвинителката појаснив на кој начин ДКСК ги оформува предметите. Тоа е една широка лепеза на можности кои ни ги дава Законот, се оформуваат предмети по сопствена иницијатива, по допрен глас, по ваши истражувања, по пријава од приватни физички лица, по пријави на веб порталот. Во конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива и тоа иницијатива на член на Комисијата. Предметот се работел и на крај завршил без некакви наоди. Постапката е завршена без никакви сомнежи, но она што било спорно за прикажувачот е начинот на кој ние сме комуницирале со јавноста, а вие знаете дека бевме премногу транспарентни. Ги споделуваме предметите и информациите, тајмингот кога сме известиле дека има предмет отворено за конкретниот случај не можам да кажам дека токму во тој момент сме дале некакви искази заради тоа што се што било напишано по порталите. Тоа е начин на изразување на новинарите – изјави Ивановска по распитот.

придружба на својот адвокат.

Пријавата, како што кажа Ивановска по излегувањето од Обвинителството, е поврзана со предмет што го отворила Антикорупциската комисија во периодот кога таа беше претседателка на ДКСК. Во пријавата подносителот ја обвинува Ивановска за несовесно работење поради начинот на кој предметот бил презентиран пред јавноста.

„Истражната постапка не била за споделување со јавноста, меѓутоа нема ништо спорно, ја објаснив убаво постапката. Ми беше посочено да не споделувам, ќе излезе брзо одлуката, кога ќе ми биде доставена ќе го споделам и тој момент за да не попречувам во процедурата сега“,посочи Ивановска.

Во однос на сомнежот за политички притисок што Ивановска претходно го сподели со јавноста, кога објави дека полицијата ја барала дома за да ѝ ја достави поканата истиот ден кога објави дека се кандидира за градоначалник на Центар, вели дека не сака да верува во тоа сценарио. Според неа, предизборието е можност да се провери до каде државата е со лекцијата по демократија.

Но, сепак, според Ивановска, останува отворено прашањето дали Обвинителството на ист начин постапува со сите пријави.

„Мислењето на ефикасноста за обвинителството е такво какво што е и тоа остава простор за сомнежи, не само кај мене, туку општо кај граѓанството. Ако Јавното обвинителство постапувало ревносно секогаш и за кратко време ги доставувало пријавите каде што треба, тогаш никој не би се посомневал – зошто сега, зошто утре. Оттука се сомнежите. Прашањето ми е дали сите пријави што биле архивирани на 25 јули се доставени на 14 август кај тие што треба да ги примат и тоа од страна на полиција“,додаде Ивановска.

Back to top button
Close