На Габи Новак ѝ ја исполнија последната желба: Пејачката погребана покрај синот Матија, Арсен и својата мајка

На крајот од неделата, нејзината урна била положена во семејната гробница во Мирогој, каде што се погребани нејзиниот сопруг Арсен Дедиќ, синот Матија Дедиќ и мајката Елизабета Рајман. Така целото семејство е повторно заедно, а Габи Новак сега почива со своите најблиски.

За потсетување, Габи Новак почина на 11 август 2025 година на 89-годишна возраст. Откако го загуби сопругот Арсен Дедиќ, кантавторот и композитор со кого помина повеќе од четири децении во брак, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една сериозна лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.

Во последните години пејачката имала проблеми со ‘рбетот, поради што била сместена во дом за рехабилитација во Загреб, а пред да почине добила пневмонија, која била фатална за неа, објави „Јутарњи“.

Како што пишува медиумот, таа успеала да се справи со овој проблем, но по враќањето во Домот за стари лица, нејзиниот имунитет опаднал, па таа само ја губела силата.

– Таа си замина тивко, а со нејзиното заминување како музиката да стивна – раскажале нејзините пријатели за „Јутарњи“.

Back to top button
Close