Удрил две малолетнички на тротинет во Скопје и избегал, полицијата трага по возачот

Возач на „фолксваген голф“ удрил две малолетнички на електричен тротинет скопски Капиштец и избегал од местото на несреќата. Тринаесетгодишната девојка е со тешки повреди, а нејзината 12-годишна сопатничка е полесно повредена. Полицијата трага по возачот.

На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, a распишана е телеграма и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР

Back to top button
Close