ДУИ: Османи пред граѓанските организации ги презентираше механизмите за заштита од корупција и подобра ефикасност

Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот интерес. На дневна основа ќе се објавуваат јавни табли, каде што сите активности на општината ќе бидат прикажани со рокови, за граѓаните да бидат информирани за секоја работа што ја извршува општината. Секое барање, секое прашање на граѓанинот ќе добие одговор во рок од 48 часа. Ова е еден од најголемите проблеми за кои граѓаните се жалат со познатата изјава „општината ништо не работи“. Ќе се формираат и тимови за брзи интервенции, се вели во соопштението од ДУИ.

Вториот сет механизми се однесува на темата борба против корупцијата. Бидејќи тоа е една од темите што го уништија и деградираа Чаир, коруптивниот начин на работа. Јавните набавки, тендерите, ќе се обработуваат и отвораат со пренос во живо пред јавноста. Граѓаните ќе можат да ја следат постапката директно, од објавата па се до изборот на компаниите. Претставници на невладините организации ќе бидат дел од тимовите во целата постапка на јавни набавки. На овој начин граѓаните и НВО ќе ги направиме чувари на јавните пари. Ќе се создаде онлајн платформа, каде што секој трошок ќе биде објавен. Кој го доделил, за што е доделен, кој го платил и кој е корисник на средствата. Ќе се вклучи вештачка интелигенција, за да се отстрани човечкиот фактор при определување на добитниците, при одлучување за конкурси, како што е во европските земји, интелигенцијата ќе може објективно да ги оцени критериумите.

И третиот сет, „Стража на градењето“. Урбаниот хаос, покрај корупцијата и неефикасноста во работата, се трите столбови што ги оставија граѓаните разочарани, незадоволни и што целосно го деградираа Чаир. Ќе ги направиме граѓаните директни мониторинг-набљудувачи. Ќе го поставиме урбанистичкиот скенер, во реално време граѓаните ќе знаат што се гради, кој гради, дали има градежна дозвола, до кога важи градежната дозвола… сите аспекти што се поврзани со едно градење во општината. Во секоја градежна зона ќе поставиме постер со QR-код. Граѓанинот ќе помине и само со мобилен ќе го скенира QR-кодот и ќе ги добие сите информации за градбата. Ќе се воспостави телефонска линија на која анонимно граѓаните ќе пријавуваат секоја неправилност, секоја жалба, секоја бесправна градба… и општината ќе реагира со тимот за брзи интервенции.

Ќе извршиме целосна ревизија на сите процедури за градба. По 19 октомври, Чаир ќе работи поинаку, со ефикасност, транспарентност, без корупција и со ред. Ова се револуционерните мерки што ќе го трансформираат начинот на функционирање на локалната власт, кои потоа ќе станат модел и за другите општини.

 

Не мислам дека изјавата на премиерот е лапсус или случајност. Мислам дека тоа е стратегија на премиерот, кој им наредува на министрите да даваат изјави како пробен балон, да го нормализираат како тема, а потоа излегува со празни негирања. Тоа е дел од стратегијата за демонтирање на Охридскиот договор. Шокантно е молчењето на ВЛЕН кон таква опасна акција, кон отворање на оваа опасна дебата и останувањето во скутот на ВМРО и покрај фактот дека се гледа дека постои план за демонтирање на Охридскиот договор. Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор, нема да дозволат поништување на нивниот државотворен статус и трансформација во малцинство, враќање на мајоризацијата. Оваа акција не најде обединети, како што сме денес, но ќе не најде обединети и во превенцијата. Ги повикувам и Македонците, Турците, Ромите и Бошњаците да не дозволат клептократска влада, облечена во маската на национализмот, да презема акции што ќе го загрозат мирот, стабилноста и европската перспектива на нејзините граѓани. Нема да дозволиме Охридскиот договор да биде допрен.

Тоа е во директна спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, кој го смета доведувањето во прашање на Охридскиот договор за антиамерикански интерес. И оваа изјава, која мислам дека е наредена од Советот на министри затоа што министерот не може сам да даде изјава. Нарачана е од премиерот, за потоа да може да излезе и да ја негира, но да се разговараа за темава и да се нормализира, како што беше со балансерот, со албанскиот јазик, со непочитувањето на волјата на граѓаните, да се излезе полека, да се донесе одлука преку ноќ, тоа не поминува.

Националната Алијанса за Интеграција беше формирана за оваа цел. Затоа, претстојните избори не се само локални избори, тие се референдум, за да се зачува еднаквоста, Охридскиот договор, европската перспектива, и нема да дозволиме да станеме мајоризирано малцинство како што беше пред 2001 година.

Османи: Во врска со случајот на Алта Банка, ние навреме предупредивме. Но не бевме само ние туку 461 пратеник од Европскиот парламент оценија дека Македонија станала дел од српскиот свет.

Тоа значи дека српскиот свет влегол во стратешките системи на државата, за да воспостави влијание врз партиите на власт, а ВЛЕН станал дел од тоа заземање.

Предупредувавме за албанска банка, а завршивме со српска банка. Случајот со банката не е игра тоа е директна вмешаност и заземање на клучните механизми за влијание врз политиката.

Тие банки ќе финансираат компании и бизниси, и на тој начин, директно и индиректно, ќе ја заземат политиката на државата.

Покрај изолацијата од Европската Унија, сега се движиме кон српскиот свет, и за оваа ситуација ВЛЕН ќе сноси историска одговорност. Ова исто така ја покажува нивната маргинализација во Владата, бидејќи немаат никаков политички ефект или, да не даде Господ, станале активен дел од ова заземање.

Ова е горчливата реалност што мора јасно да ја видиме: Северна Македонија не смее да дозволи заземање на стратешките институции од српскиот свет, и никој не може да избега од историската одговорност

Back to top button
Close