СП: Жена од Тетово бара 100 илјади евра отштета, зашто ѝ зеле брис за ковид-19 од нос и грло со претходно искористено стапче на позитивна пациентка
Жена од Тетово на суд бара 100 илјади евра отштета од Центарот за јавно здравје-Тетово, зашто во 2021 година во овој Центар, здравствен работник ѝ зел брис за испитување на ковид-19, со истото стапче што претходно го искористил за да земе брис за ковид на друга пациентка – а којашто добила позитивен резултат на коронавирусот, пренесе СП.
Пет дена подоцна позитивна на ковид била и тужителката, на која во носот ѝ било брцнато стапчето од пациентката што се тестирала пред неа.
…