Оштетените штедачи на Еуростандард банка – фикција во реалноста

Реакција на Трифун Костовски на  https://libertas.mk/zdruzhenieto-na-oshteteni-shtedachi-so-reakci-a-do-trifun-kostovski-gospodinot-kostovski-ne-e-zhrtva-na-sistemot-tuku-del-od-problemot/

Оштетените штедачи од Еуротандард банка , кои се појавуваат на социјалните мрежи, за мене се фикција или поточно кажано, лажно претставување.

 

Истражував, трагајќи по сите институции во земјава, и го најдов документот дека истото е регистрирано на 3.11.2020 година , а во моментов се води на име на две – три личности, бивши клиенти на Еуростандард банка.

Аргументирано е дека овие личности се целосно обештетени.

Останатите членовите, на ова фиктивно здружение, веќе не се членови. Покажаа чесност со чинот на нивно излегување од здружението.

Зошто, ваков чин на ,,сеење магла во етерот” , го прави поединец затскриен зад ова здружение? Претпоставувам дека станува збор за суета во спрега со нечесност.

Во првата година од стечајот здружението веднаш беше формирано. Сакав и се обидував по секоја цена да стапам во контакт со нив. Имавме заедничка цел: оштетените штедачи да бидат целосно обештетени, а јас да докажам дека стечајот на Еуростандард банка беше направен со умисла.

Имав две средби со тогашниот, а верувам и сегашниот претседател на здружението во мојата канцеларија.

Комуникацијата престана истиот момент, кога тој, како прв човек на здружението ми даде непристоен предлог да му го откупам побарувањето од Еуростандард банка за 50% од сумата која му беше блокирана!

Му се заблагодарив на посетата и му ја покажав вратата. Бев дрзок бидејќи ме стави во ист кош со криминогените лица од нашето секојдневие. Јас не сум таков човек! Гневот неминовно излезе од мене.

Го повикувам лицето, кое ги пишува овие текстови, на средба само со една цел, да се расчистат недоразбирањата и заеднички да ја бараме вистината.

Доколку нарачателот на овој текст е тогашниот и сегашен претседател на ова здружение, тогаш средба не ми треба. Комуникацијата со него ја завршив пред полни 5 години.

Јас продолжувам со мојата борба. Никогаш нема да се откажам, затоа што мојата борба е и ваша, на сите вас чесни сограѓани кои што во вакво корумпирано општество не се знае кога ќе бидете изманипулирани.

Back to top button
Close