Мицкоски пушти во употреба дел од патот Кичево- Охрид

Денеска присуствував на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се движи напред, дека се гради и дека се надминуваат долгите години на застој, напиша премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук.

-Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и незавршени, или би рекол недовршени работи. Граѓаните со право беа разочарани, гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. И за жал поради таквата слика голем дел од нашите сограѓани и го оставија својот живот овде.

Оваа Влада не го троши времето на изговори, туку работа. Ова е нашата визија, Македонија на дела, а не на изговори. Ова е доказ дека можеме да го оставиме зад себе периодот на застој и да го отвориме патот кон развојот.

Ќе продолжиме вака, да градиме, да завршуваме започнати работи и да создаваме нови перспективи за секој регион и за секој граѓанин, напиша Мицкоски.

Back to top button
Close