Македонија со победа над Лихтенштајн од 5:0

Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5-0.

Серијата голови ја отвори Елиф Елмас уште во првото полувреме, иако официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел во 15. минута.

На почетокот на вториот дел нашиот тим зголеми на 2:0, а стрелец беше капитенот Енис Барди.

На 3:0 четири минути подоцна погоди Дарко Чурлинов, а четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 86. минута.

Конечните 5:0 ги постави Лука Станковски во 90. минута.

„Среќен сум за победата. Најважно е што ги освоивме бодовите на овој натпревар и заслужено победивме со 5:0. Ние секогаш кога играме, играме да победиме и со тоа да го оствариме нашиот сон. Сакам да играме на Европско првенство, на Светско првенство, да напредуваме и да бидеме идоли на некои нови млади деца и да бидеме поттик за нив“, кажа Елмас.

Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.

Следен противник на нашата репрезентација е Белгија на 10.октомври на гостински терен.

Back to top button
Close