Нобеловецот Чен Нинг Јанг, кинеско-американски физичар, почина на 103 години

Чен Нинг Јанг, еден од најпознатите физичари во светот и добитник на Нобелова награда, почина денес од болест во Пекинг на 103-годишна возраст, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Роден во источниот кинески град Хефеј во покраината Анхуи во 1922 година, Јанг беше кинеско-американски физичар кој работеше на статистичка механика и принципи на симетрија во физиката на елементарните честички.

Во 1957 година, Јанг ја подели Нобеловата награда со колегата кинеско-американски физичар Цунг-Дао Ли. Работата на тој тандем доведе до значајни откритија во врска со елементарните честички, градежните блокови на материјата.

Back to top button
Close