ИДФ: Израелски брод испука предупредувачки истрели кон неколку палестински бродови
Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), израелски брод денеска испукал предупредувачки истрели кон неколку палестински бродови кои ја прекршиле поморската блокада и претставувале закана за војниците покрај брегот на јужниот дел од Појасот Газа.
Според војската, палестинските бродови се вратиле назад откако биле испукани предупредувачките истрели, објавува „Тајмс оф Израел“.
Досега нема извештаи за повредени во инцидентот.