Ахмети: Овие избори не се само локални, тие имаат големо национално значење
Овие избори не се само локални, тие имаат големо национално значење, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешното гласање на локалните избори.
-Вие самите, подобро од било кој, знаете како се чувствувате сите овие месеци и сега имате можност да го манифестирате тоа чувство на гласачките кутии. Ве поканувам сите да го искористите вашето право на гласање со национално и човечко достоинство. Повикувам на мирен, демократски и слободен процес, како и масовно учество на овие избори толку важни за иднината на државата, а не само на општината – рече Ахмети