Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево пред кандидатот на ДУИ
19.10.2025 23:13
1,366 Читање помалку од 1м
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на општина Кичево Александар Јовановски, води пред кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари, покажуваат резултатите на Државната изборна комисија од обработени 75,63 проценти избирачки места.
Според ДИК, Јовановски има освоено 8 784 гласа или 48,52 отсто, а Дехари 3 667 гласа или 20,26 отсто. Зад него е кандидатот на ВЛЕН Фатмир Лимани со освоени 2 833 гласа.

Јовановски на Фејсбук објави победа во првиот круг од локалните избори.
„Победа во првиот круг со над 5 000 гласови предност! Кичево со ова докажува дека сака промени за подобра иднина! Ви се заблагодарувам на сите за беспрекорната поддршка и одличен резултат! Со вашата поддршка победуваме убедливо и во вториот круг!“ напиша тој.